На територијата на Општина Велес до 3 март истекува рокот за легализација на дивоградби по едно евро за квадрат
- – Oд вкупно 6800 граѓани на територијата на Општина Велес досега 6200 граѓани ја имаа завршено постапката и ги имаат легализирано бесправно изградените куќи,доградби во индивидуани или колективни стамбени објекти како и деловни простории под кои спаѓаат хали и објекти за производство, според стариот Закон од 2011 година.Преостанатите 600 граѓани останува да го фатат последниот рок до 3 март годинава за да ги легализираат по 1 евро за метар квадратен, кога истекува рокот на донесениот Закон за постапување со бесправни објекти во 2011 година, информираат денеска од Општина Велес.
Велес, 11 февруари 2026 (МИА) – Oд вкупно 6800 граѓани на територијата на Општина Велес досега 6200 ја имаат завршено постапката и ги имаат легализирано бесправно изградените куќи, доградби во индивидуани или колективни станбени објекти како и деловни простории под кои спаѓаат хали и објекти за производство, според стариот Закон од 2011 година. Преостанатите 600 граѓани останува да го фатат последниот рок до 3 март годинава за да ги легализираат по 1 евро за метар квадратен кога истекува рокот на донесениот Закон за постапување со бесправни објекти во 2011 година, информираат денеска од Општина Велес.
Тие појаснуваат дека дел од нив иако имаат доставено заклучок за плаќање, тоа се уште не го сториле, а дел од граѓаните имале некомплетирана документација.
Од Општина Велес ги повикуваат сите нив да побрзат и да го искористат последниот рок за легализација односно да ја заокружат постапката најдоцна до 3 март годинава.
Инаку најголем процент во легализацијата се застапени бесправно изградените индивидувални куќи или делови од нив, потоа се доградбите на станови или делови од нив во колективни објекти - згради додека најмал е процентот на деловни објекти.
Од Општина Велес потенцираат дека по овој рок нема да им се признае правото на завршување на постапката за легализација на дивоградбите.ад/
Фото МИА