• петок, 15 мај 2026

Министерството за финансии ги почна состаноците за ребаланс на буџетот

Министерството за финансии ги почна состаноците за ребаланс на буџетот

Скопје, 11 мај 2026 (МИА) - Министерството за финансии ги почна состаноците за ребаланс на буџетот. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска најавува дека ребалансот ќе биде изготвен во согласност со среднорочната фискална рамка и стратешките приоритети на Владата - стабилни јавни финансии, фискална консолидација, инфраструктурен развој, енергетска транзиција и подобар животен стандард за граѓаните.

- Во време на сериозна глобална неизвесност, предизвикана од геополитичките случувања и војната на Блискиот Исток, сите економии - вклучително и македонската - се соочуваат со предизвици поврзани со енергетските текови, инфлацијата и забавувањето на глобалниот економски раст. Затоа остануваме посветени на одговорно и дисциплинирано управување со јавните финансии, со јасен фокус на зачувување на макроекономската стабилност, поддршка на економскиот раст и реализација на капитални инвестиции - вели Димитриеска-Кочоска во објава на „Фејсбук“.

Министерката нагласува дека ќе се продолжи со внимателно планирање и одговорни политики, кои ќе обезбедат стабилност, отпорност и одржлив развој на македонската економија.

- Наш фокус останува заштитата на животниот стандард на граѓаните преку внимателно креирани мерки, стабилни јавни финансии и политики што ќе обезбедат поддршка за економијата во услови на глобална неизвесност - вели министерката за финансии. бак/са/

Фото: фејсбук

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан