• сабота, 16 мај 2026

Мундо Депортиво: Алварез главна трансфер цел на Барселона

Мундо Депортиво: Алварез главна трансфер цел на Барселона

Барселона, 21 април 2026 (МИА) - Барселона е заинтересирана да го потпише напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез.

Според „Мундо Депортиво“, 26-годишниот Аргентинец стана главна трансфер цел на Барселона за летото 2026 година.

Барселона е подготвена да потроши 100 милиони евра за трансфер на играчот.

Алварез е во Атлетико Мадрид од август 2024 година. Неговиот договор важи до 30 јуни 2030 година. Во сезоната 2025/26, тој постигна 19 гола и имаше девет асистенции во 47 натпревари.

„Трансфермаркт“ ја проценува фудбалската вредност на Алварез на 90 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан