• понеделник, 16 март 2026

Музичко-поетска претстава на пијанистот Марко Виденовиќ и триото „Мевлем“ во чест на загинатите и повредените во трагичниот пожар

Музичко-поетска претстава на пијанистот Марко Виденовиќ и триото „Мевлем“ во чест на загинатите и повредените во трагичниот пожар

Кочани, 15 март 2026 (МИА) - На вториот ден од одбележувањето на годишнината од кобната мартовска ноќ, денеска на сцената во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, беше изведена музичко-поетска претстава на пијанистот Марко Виденовиќ и триото „Мевлем“, што го сочинуваат Памела Велкова - виолина, Верица Ајтовска - виола и Енис Аљи - виолончело. 

Четворицата настапија со авторска музика и поезија на Виденовиќ. 

Проектот, според Марко Виденовиќ, е приспособен за денешниот настан во Кочани и во спомен на починатите и повредените во трагичниот пожар. 

Со ова музичко и поетско остварување, Виденовиќ и триото „Мевлем“ веќе се имаат претставено во Скопје, Загреб, Белград, Битола, Гевгелија, Охрид и во Велес.

Со својата музика и поезија Виденовиќ, Велкова, Ајтовска и Аљи пренесоа пораки за солидарност, сочувство и заедничко заздравување. ис/нд/

Фото: МИА

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан