• четврток, 25 декември 2025

Мицотакис: Грција ќе го поддржи секое решение што може да ѝ обезбеди финансиска стабилност на Украина

Мицотакис: Грција ќе го поддржи секое решение што може да ѝ обезбеди финансиска стабилност на Украина

Атина, 18 декември 2025 (МИА) – Нашата земја ја поддржува Украина и ќе го поддржи секое решение што може да ѝ обезбеди финансиска стабилност, за земјата да биде безбедна и да продолжи да се брани од руската инвазија, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис при пристигнувањето на Самитот на ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис сепак повтори дека „секое решение мора да биде правно и фискално безбедно и да гарантира дека парите што ќе ги добие Украина и што ќе ги троши за вооружување ќе ги земат предвид конкретните национални приоритети што може да ги имаат земјите-членки“.

Денешниот состанок на Европскиот совет го карактеризираше како „апсолутно клучен“, затоа што ќе треба да се донесат „важни одлуки за финансиска поддршка за Украина“.

- Она што е важно е да најдеме решение за финансирањето на Украина. Грција јасно преферира да биде заем за репарации. Го земаме предвид фактот дека руските имотни средства веќе се замрзнати на неопределено време, што сметам дека е многу важна политичка изјава за сите инволвирани страни. Целосно го споделувам ставот на претседателот на Европскиот совет дека не треба да ги напуштиме Брисел, ниту салата во која заседаваме, без да најдеме решение кое е правно издржано и ги решава финансиските проблеми на Украина, посочи Мицотакис. ср/ссм/

Фото: Кабинет на грчкиот премиер

Остани поврзан