• петок, 06 март 2026

Мицкоски телефонски разговарал со премиерот на Катар за случувањата на Блискиот Исток

Мицкоски телефонски разговарал со премиерот на Катар за случувањата на Блискиот Исток

Скопје, 6 март 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицксоки денеска телефонски разговарал со премиерот и министер за надворешни работи на Државата Катар, Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани.

- Изразив поддршка за државата и разбирање за сложеноста на ситуацијата на Блискиот Исток. Разменивме мислења и за актуелните регионални и глобални предизвици, при што ја нагласивме важноста од стабилноста, мирот и соработката. Заеднички ја истакнавме заложбата за натамошно зајакнување на пријателските односи и отворање нови можности за соработка во интерес на нашите граѓани и економии, објави Мицкоски на својот Фејсбук профил.са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан