Мицкоски: Реализиран проектот за реконструкција на коловозот и изработка на тротоар на патот кон Пеленица
- Успешно е реализиран проектот за реконструкција (рехабилитација) на коловозот и изработка на тротоар на патот кон манастирот во месноста Пеленица во близина на Драчево, објави денеска на „Фејсбук“ премиерот Христијан Мицкоски во делот „Проекти за трајна промена - општина Кисела Вода“.
Скопје, 20 февруари 2026 (МИА) - Успешно е реализиран проектот за реконструкција (рехабилитација) на коловозот и изработка на тротоар на патот кон манастирот во месноста Пеленица во близина на Драчево, објави денеска на „Фејсбук“ премиерот Христијан Мицкоски во делот „Проекти за трајна промена - општина Кисела Вода“.

Со завршувањето на зафатот, како што се наведува, е обновена коловозната конструкција и изграден е нов тротоар, со што се обезбедува побезбедно и пофункционално движење за возилата и пешаците.
- Инвестицијата од 29.320.330 денари придонесе за модерна и одржлива патна инфраструктура, подобрена пристапност до манастирскиот комплекс и повисоко ниво на безбедност за посетителите и локалното население - објави премиерот.мд/са/
Фото: МИА архива и Фејсбук на премиерот Мицкоски