• недела, 29 март 2026

Мицкоски и Николоски ќе го означат почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид

Мицкоски и Николоски ќе го означат почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид

Скопје, 29 март 2026 (МИА) - Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска ќе го означат почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

На настанот најавен за 13:00 часот, ќе присуствува и генералениот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт.

По завршувањето е предвидено Мицкоски, Николоски и Курт да одржат заедничка прес – конференција.

Во изјава за МИА, директорот на ТАВ Македонија, вели дека реконструкцијата и модернизацијата на Охридскиот аеродром ќе чини 2,7 милиони евра, 

Со предвидените активности, според ТАВ Македонија, аеродромот конечно ќе добие нов лик, при што во терминалната зграда ќе се добие поголем простор за патниците, со цел поефикасни и покомфорни услуги.

Проектот ќе опфати неколку клучни сегменти и ќе се реализира во неколку фази. Се очекува целосно да заврши до крајот на мај оваа година. Додека се одвива реконструкцијата, авиосообраќајот ќе се одвива непречено.  мч/вг/

фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан