• вторник, 24 март 2026

Мицкоски: Владата не размислува за отворање на Уставот, политичките услови за тоа не се исполенти

Мицкоски: Владата не размислува за отворање на Уставот, политичките услови за тоа не се исполенти

Скопје, 24 март 2026 (МИА) - Владата не размислува за отворање на Уставот, политичките услови за тоа не се исполнети - рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. 

Одговорајќи на новинарски прашања по тркалезната маса „Воведување уставна жалба?“, Мицкоски рече дека Уставниот суд, најверојатно, веќе размислува како приближно би изгледала архитектурата на специјалниот закон и изрази очекување дека набргу можеби ќе има готов документ кој, како што напомена, кога ќе има политички услови, ќе биде донесен.

Како што рече, во овој контекст, неговото присуство на денешната тркалезна маса е силна порака.

- Претпоставуваме дека Уставниот суд веќе размислува како приближно би изгледала архитектурата на специјалниот закон. Се надевам дека набргу денеска може да се излезе со таков предлог-закон, да се има јавна дебата, да се чуе мислењето на јавноста и на стручната фела, да има готов документ и кога ќе има политички услови за такво нешто, да биде донесен, во моментот Владата не размислува за отворање на Уставот и политичките услови за тоа не се исполенти - нагласи Мицкоски. мч/са/

Фото: принтскрин

Остани поврзан