• среда, 01 април 2026

Министрите за енергија на Г7 отворени за ослободување на резервите на нафта

Министрите за енергија на Г7 отворени за ослободување на резервите на нафта

Париз, 11 март 2026 (МИА) - Земјите од водечките економии на Групата седум (Г7) изразија општа отвореност за ослободување на резервите на нафта во итни случаи, со оглед на економските влијанија од војната во Иран.

„Во принцип, ние ја поддржуваме имплементацијата на проактивни мерки за справување со ситуацијата, вклучително и користењето на стратешките резерви“, се вели во денешното заедничко соопштение на министрите за енергија на земјите од Г7.

Цените на нафтата значително се зголемија по почетокот на војната.

Земјите од Г7 ги вклучуваат Германија, САД, Јапонија, Канада, Обединетото Кралство, Франција и Италија.

Лидерите на земјите од Г7 планираат да разговараат за економските последици од војната и енергетската ситуација на видеоконференција во среда попладне. мс/ссм/

фото: Архива

Остани поврзан