• сабота, 16 мај 2026

Министерот Љутков во работна посета на Охрид

Министерот Љутков во работна посета на Охрид

Скопје, 23 април 2026 (МИА) - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе престојува во работна посета на Охрид. 

Љутков ќе ја посети Самуиловата тврдина, каде што во цитаделата на тврдината е предвидена изјава за медиумите, по што посетата продолжува на локалитетот Манчевци во старото градско јадро на Охрид.

Претходно, тој ќе се обрати на прес-конференција по повод објавувањето на програмата за 66. издание на Фестивалот „Охридско лето“. ев/лв/

ФОТО: Архива 

 

 

 

Остани поврзан