• сабота, 14 март 2026

Министерот Сали и директорката на ЕПИ Кацарска на средба за реформите од Планот за раст

Министерот Сали и директорката на ЕПИ Кацарска на средба за реформите од Планот за раст

Скопје, 11 март 2026 (МИА) - Активностите во рамките на проектот „Следење на реформи и раст во Западен Балкан“ (WB Reform and Growth Monitor), финансиран од Европската Унија, биле во фокусот на денешната средба на министерот за европски прашања Беким Сали со претставници на Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ), предводени од директорката Симонида Кацарска.

Целта на проектот е да го зајакне учеството на граѓанските организации во следењето и спроведувањето на реформите поврзани со Планот за раст на Европската комисија за Западен Балкан.

На средбата била потврдена одличната и континуирана соработка меѓу Министерството за европски прашања и ЕПИ во процесот на европската интеграција на државава.

- Беше истакнато дека партнерството меѓу Министерството и ЕПИ придонесува за подобро следење, анализа и транспарентност во спроведувањето на Реформската агенда 2024–2027, како и за засилување на улогата на граѓанското општество во реформските процеси, соопшти Министерството за европски прашања.

Од таму истакнуваат дека остануваат посветени на отворена соработка со граѓанските организации, како важен партнер во унапредувањето на реформите и европската интеграција на државава.лв/са/

фото: Министерство за европски прашања 

Остани поврзан