Минатата недела отстранети 653 кубни метри отпад од депонија
- Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнале и транспортирале 653 кубни метри непрописно одложен отпад на територијата на градот Скопје.
Скопје, 16 февруари 2026 (МИА) - Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнале и транспортирале 653 кубни метри непрописно одложен отпад на територијата на градот Скопје.
-ЈП Комунална хигиена-Скопје повторно интервенираше и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што беа подигнати приближно 60 кубни метри мешан комунален отпад од три помали диви депонии, се вели во соопштението од јавното претпријатие.
Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела врачила 32 записника за лица и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад. Најголем број на записници се изготвени во скопската општина Чаир. сст/са/
Фото ЈП Комунална хигиена-Скопје