МИА Најави-свет
- Атина – Се очекува грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и министрите да се сретнат со делегации на грчките земјоделци
13 Јануари 2026
Атина – Се очекува грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и министрите да се сретнат со делегации на грчките земјоделци кои, поради лошата економска состојба, протестираат од ноември со прекинување на сообраќајот и повремено целосно блокирање на патишта, пристаништа и гранични премини.
Виена – Почнува дводневниот Форум на Централна и Источна Европа, организиран од британскиот весник „Фајненшл Тајмс“.
Ријад – Почеток на тридневниот Форум за идни минерали (Future Minerals Forum).
Абу Даби – Српскиот претседател Александар Вучиќ во посета на Обединетите Арапски Емирати.
Нара, Јапонија – Јужнокорејскиот претседател Ли Џае-Мјунг ќе се сретне со премиерката Санае Такаичи за време на неговата посета на Јапонија.