20 јануари 2026
Скопје - Презентација на истражувањето „Парламентарниот надзор и контрола во Северна Македонија низ призма на надзорниот капацитет на Собранието“. (Сала на Уставна комисија/10:30)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. (Сала 6/12:00)
Прилеп - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ќе посети откупни пунктови за тутун во Прилеп. (посета на откупниот пункт на Сокотаб ДООЕЛ/11:30; по што е предвидена изјава за медиумите)
Скопје - Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и членови на Управниот одбор ќе ја посетат компанијата Реплек АД Скопје. (Локација: ул. Козле бр. 188, Скопје, посетата во 14:00/ изјави за медиумите во 14:30)
Скопје - Прес-конференција на Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“. (Кружен тек пред Цементара Усје, по раскрсницата на бул. „Борис Трајковски“ и бул. „Србија“/12:00)
_________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***