МИА Најави-МКД
- 20 февруари 2026
20 февруари 2026
Скопје - Седница на собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија. (Собрание, сала 4/10:00)
Скопје - Прес-конференција на министерката за образование и наука Весна Јаневска и проф. д-р Гоце Цветановски од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, автор на првиот том од првиот Македонски етимолошки речник. (МОН/12:00).
Скопје - Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, заменик министерката за транспорт и врски Калтрина Зеколи Шаќири и градоначалникот на Сарај, Мухамед Елмази ќе присуствуваат на почеток на реализацијата на проектот за водоводна мрежа и атмосферска канализација во село Ласкарци. (с. Ласкарци/11:00)
Скопје - Здружението за кривично право и криминологија на Македонија и Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје организираат научно-стручна расправа за Предлог законот за помилување. (Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје/11:00)
Охрид - Официјален почеток на регионалниот проект EQUALS, иницијатива насочена кон реформирање и унапредување на системот за бесплатна правна помош усогласен со стандардите на Европската Унија и меѓународното право за човекови права, во организација на Министерството за правда во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП и со поддршка од Австриска агенција за развој (АДА). (х.„Инекс Олгица“/11:00)
Кичево - Стопанската комора на Северна Македонија ќе одржи седница на Регионалната комора со седиште во Кичево. (х.„Атва Резиденс“, с.Добреноец, Кичево/12:00)
Велес - Обука „Млади за локален мир и учество“, во организација на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), а со поддршка од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO). (х. Романтик/10:00).
Скопје - Изведба на операта „Травијата“ од Џузепе Верди на сцената на Националната опера и балет. (19:30)
Скопје - Народниот театар Битола со претставата „Црно семе“ ќе гостува на сцената на Македонскиот народен театар. (20:00)
Белград - Здружението Македониум од Белград со свечена академија ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. (во Градската библиотека во Белград/19:00)
Скопје - Изведба на драмата „Љубовни Писма (Love Letters)“ од американскиот автор A. R. Gurney. (The Dude Specialty Coffee во Скопје/20:00)
________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***