29 март 2026
Охрид - Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски и генералениот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, ќе го означат почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид по што ќе одржат заедничка прес – конференција. (13:00, пристигнување на аеродромот во 12:15)
Скопје - Македонски Каритас, хуманитарна организација на Католичката црква во Македонија, организира хуманитарен Велигденски саем. (Католичка црква „Пресвето срце Исусово“/11:30)
Скопје - Младинскиот гудачки квартет „Карпош“ ќе одржи три концерти по повод роденденот на Јохан Себастијан Бах. (Плато пред Млечен ресторан/10:00, 11:30 и 13:00)
Скопје - Атлетскиот клуб Фортиус од Скопје го организира петтото издание на трката „Водно 10К". (Долен паркинг на Средно Водно/10:00)
______________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***