5 март 2026
Скопје - Собранието на Р. Северна Македонија ќе ги одржи 87-та и 90-тата седница. (Сала „Македонија“/11:00/13:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. (Сала 6/10:00)
Скопје - Седница на Законодавно-правна комисија. (Сала 6/10:30)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала 4/10:30)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/13:30)
Скопје - Едукативна активност „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта. (Сала „Борис Трајковски“/10:00)
Штип - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на проширување на производните капацитети на метални конструкции и делови на конструкции на Друштво за градежништво, инженеринг и трговија „АКТИВА“ ДОО Штип. (Изјави за медиуми /12:15)
Струга - Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа ќе оствари работна посета на Општина Струга. (14:00)
Скопје - Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, и директорот за недвижности во „Лидл Северна Македонија“, Гоце Гаврилов ќе се обратат по повод свечената церемонија на поставување камен-темелник на продажен објект на Lidl. (Гази Баба, ул.„Благоја Стефковски“, после средното училиште „Михајло Пупин“/11:00, https://www.google.com/maps/place/42%C2%B000'05.5%22N+21%C2%B028'56.4%22E/@42.0021667,21.4805024,571m/data=!3m1!1e3!4m4!3m3!8m2!3d42.0015278!4d21.4823333!17m2!4m1!1e3!18m1!1e1?entry=ttu&g_ep=EgoyMDI2MDMwMS4xIKXMDSoASAFQAw%3D%3D)
Скопје - Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“ ќе одржи регионална дискусија: Заедно за системски решенија - Искрено за ретките болести. (Граѓански Ресурсен Центар/11:00, изјави за медиумите/12:00)
Скопје - Отворање на патувачката фотоизложба посветена на балканскиот рис на Македонското еколошко друштво. (Лабораториум/19:00)
Скопје - Binance Learning Lab едукативна интерактивна работилница. (Адева The Hub, бул.„Партизански Одреди“ бр. 17/17:30)
Скопје - Промоција на најновите Galaxy уреди и технолошки иновации на Samsung Electronics Galaxy Unpacked. („Botanika“, Орце Николов 166/11:00)
Скопје - Прес-конференција по повод првата премиера на претставата „Ова е само крајот на светот“ во режија на Теа Беговска. (Драмски театар/10:00)
Скопје - Базар под слоганот „За таа што ти е се“ во пресрет на Денот на жената - 8 март. (Приземје во Скопје Сити мол)
Скопје - Промоција на книгата „60 Икони на Мајката Божја“ од авторката Аријан де Сен-Марк. (Музеј на македонската борба за самостојност/18:00)
Скопје - Отворање на видеоинсталацијата „Тела за еднократна употреба“ на словенечката уметница Лара Рајхман. (Студио Приватен принт/19:00)
Скопје - Концерт по Повод денот на жената, насловен „Сила“ кој ќе го води диригентката Ребека Тонг од Индонезија, а како солист ќе настапи пијанистот Ендру фон Ојен од Франција. (Македонска филхармонија/20:00)
Битола - Концерт „Засекогаш во срцата“ посветен на Тоше Проески. (Центар за култура/20:00)
______________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***