МИА Најави МКД
- 19 февруари 2026
19 февруари 2026
Скопје - Собранието ќе ја продолжи 85. седница. (Сала „Македонија“/12:00)
Скопје - Седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. (Собрание на РСМ, Сала 6/11:00)
Скопје - Седница на Законодавно-правната комисија. (Собрание на РСМ, Сала 6/11:15)
Скопје - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за финансии на Словачката Република Ладислав Каменицки ќе го отворат Македонско-словачкиот бизнис форум. (х. „Холидеј Ин“/9:30)
Гостивар - Министерството за животна средина и просторно планирање организира промотивен настан по повод официјалната презентација и ставање во употреба на новоиспорачаната специјална опрема за депонијата Русино, во рамки на Регионалниот проект за управување со цврст отпад. (Депонија Русино, с. Сушица, https://maps.google.com/?q=41.761375,20.885044/11:00)
Скопје - Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. (Амфитеатар на Институтот/11:00)
Скопје - Промоција на првите акредитирани учебници по психијатрија - „Психијатрија“ и „Медицинска психологија и социологија“. (Деканат на Медицински факултет/12:00)
Скопје - Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски ќе даде отчет за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата. (Македонска филхармонија/19.00)
Скопје - Комеморација за актерката Ленче Делова. (Драмски театар/10:00)
Скопје - Отворање на групната изложба на слики, цртежи и објекти „ОСТЕНОВИ УМЕТНИЦИ НА ГОДИНАТА 2025“. (Галерија ОСТЕН/12:00)
Скопје - Отворање на изложбата „СТУДИИ ВО АПСТРАКЦИЈА“ на словачкиот уметник Ладислав Каменицки. („Чифте амам“/18:00)
Скопје - Со проекција на филмот „Романот за Џим“ почнува првото издание на месечните „Кино средби" што ги организира Францускиот институт во Скопје. (Кинотека/20:00)
Скопје - Комедијата „Кец на десетка“ ќе одбележи јубилеј, 100-та изведба. (МНТ/20:00)
Скопје - Концерт на Националниот џез оркестар и Ренато Чико. (МОБ/20:00)
________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***