13 мај 2026
Скопје - Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. (Сала 6/10:30)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/12:00)
Скопје - Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ќе се обрати на пуштање во употреба на реконструираниот дел од Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. (11:00, по настанот предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми)
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска, заменик - амбасадорката на Швајцарија, Михал Харари и директорот на Центарот за развој на стручното образование, Бесник Зендели ќе промовираат онлајн водич за квалификации – www.kvalifikacii.crso.gov.mk, платформа изработена со поддршка на Швајцарската амбасада, која треба да им го олесни изборот на основците при упис во средно образование. (МОН/ 11:00)
Скопје - Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа ќе одржи средба со претставници на медиумите. (простории на Министерството, прес-центар на седми кат/10:00)
Скопје - Холандскиот малопродажен трговски ланец SPAR официјално влегува на македонскиот малопродажен пазар со отворање на својот прв INTERSPAR маркет во земјата, сместен во комплексот Ритеил Фреш Стор. (Бул.„Македонско-косовска бригада“ 11/1/ 18:00)
Гевгелија - Манифестација по повод одбележувањето на Светскиот ден на пчелата, во организација на Амбасадата на Република Словенија, во соработка со Општина Гевгелија, Пчеларската федерација на Македонија и АДРА Македонија. (Градски плоштад/11:00, во 09:15 е планирана посета на пчеларската фарма Алчинови во Мрзенци)
Битола - Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски ќе одржи средба со претставници на медиумите. (кабинет на градоначалникот/09:00)
Скопје - Меѓународна конференција „Траумата во литературата“, во рамки на научно-истражувачки проект на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. („Европска куќа“/09:30)
Скопје - Чествување на 30-годишниот јубилеј на научната манифестација Денови на Благоја Корубин со трибина насловена „Македонскиот јазик и Благоја Корубин – 30 години меѓу нас“. (Амфитеатар на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“/11:00)
Истанбул - Проекција на дигитално реставрираните филмови на браќата Манаки во рамки на програмата на Бејоглу филмските денови во Истанбул. (Кино Бејоглу/16:00, пред проекцијата ќе се обратат директорот на Македонскиот културен центар во Истанбул, Диме Ратајкоски и директорот на Кинотеката на Македонија, Бошко Грујоски)
Скопје - Австриската амбасада во Скопје организира локален Eurovision Warm-Up настан. (Ресторан „Русти“/19:30)
Скопје - Почнува 15. издание на фестивалот „Виноскоп 2026“. (Школка во Градски парк/18:00)
Скопје - Прес-конференција на членовите на групата „Меморија“ по повод нивниот концерт на 23 октомври во арената „Јане Сандански“ во Скопје. (простории на Универзитет „Скопје“, поранешен Универзитет за туризам и менаџмент/12:30)
Скопје - Книжевно-музичкиот перформанс по повод објавувањето на новата книга „Портрети“ од Александар Прокопиев. (Културно-информативен центар/19:19)
Скопје - Концерт „Рапсодија“ на кој ќе настапат пијанистките Марија Ѓошевска и Славица Мицовска-Смилевска. (Камерна сала на Македонска филхармонија/20:00)
Скопје - Изведба на операта „Риголето“ од Џузепе Верди во рамките на 54. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. (Националната опера и балет/20:00)
Скопје - Оркестар DIVA ќе го претстави својот алтернативен концертен проект Industrial Symphony. Младински културен центар/20:30)
Скопје - Форум „Култура за развој“ и BEYOND: Сателит за Југоисточна Европа. (кино во Железничката зграда на ул. „Борка Талевски“ бр.26 /15:30)
________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***