8 април 2026
Скопје - „Од невидливост кон еднаквост – одржлива инклузија и правен идентитет за ромската заедница“ - настан по повод Меѓународниот ден на Ромите - 8 Април. (Собрание, Сала „Борис Трајковски“/10:00)
Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ги одржи 97-та, 70-тата и 34-тата седница. (Сала „Македонија“/11:00/11:20/11:40)
Прилеп - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на состанок со состанок со претставниците на здруженијата на одгледувачи на овци. (х.„Салида“/11:00, изјави за медиумите пред одржување на работниот состанок)
Скопје - Кабинетот на министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, Шабан Салиу, ќе одржи настан по повод одбележувањето на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите. (Ресторан Park by Ragusa Group, Градски парк/19:00)
Скопје - Советот на јавни обвинители на РСМ ќе ја одржи 42. та седница. (Совет на јавни обвинители/12:00)
Скопје - Државниот завод за ревизија во соработка со меѓународната програма ОЕЦД - СИГМА ќе одржат работилница „Ревизија на животната средина и ревизија на целите за одржлив развој“. (х.„Мериот“/9:00, изјави за медиумите/8:45)
Скопје - Промоција на нова поштенска марка, изработена од авторот Лазе Трипков, по повод 50 години постоење на Кинотека на Македонија. (Кинотека/12:00)
Скопје - Институт за социолошки и политичкo правни истражувања – ИСППИ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје ќе одржи Научна презентација на резултати од истражување посветено на факторите кои влијаат врз слабите резултати на учениците од основното образование на меѓународните тестирања, според методот читање со разбирање. (Институт за социолошки и политичко правни истражувања/11:00)
Скопје - Тркалезна маса на тема „Подготвеноста на институциите за одговор на странско мешање и манипулирање со информации (СММИ)“ во организација на Институтот за комуникациски студии. (х.„Холидеј ин“/10:00)
Скопје - Здружението на Бармени на Македонија ќе го организира и 17. Државно првенство на бармени. (х.„Континентал“/11:00, полуфинале/14:00, финале/18:00)
Скопје - Промоција на романот „Извештајот на Рената“ од Кристина Краличин. (МКЦ, Салон 19:19/19:00)
Скопје - Отворање на изложба „Исцелување на животот“ на Томе Мишев. (Галерија „Метаноја“/19:00)
Битола - Отворање на изложба „Тешкотиите ќе исчезнат, но доброто дело ќе остане - Македонската ‘робинзонијада’ на семејството бегалци Малахови“. (Центар за култура/12:00)
Скопје - Македонската филхармонија ќе одржи Велигденски концерт на кој ќе биде изведено монументалното вокално-инструментално дело „Ѕвона“ од Сергеј Рахмањино. (Филхармонија/20:00)
_________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***