МИА Најави МКД
- 27 декември 2025
27 декември 2025
Скопје - Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска- Давкова, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски на видеоконференциска врска со македонските мировници и предновогодишна средба со нивните семејства. (Касарна „Страшо Пинџур“ во Петровец/11:00, пристигнување на медиумите во касарната/10:30)
Охрид - Прес-конференција на Здружението Градиме Иднина Скопје. (Непосредно до споменикот на Св. Кирил и Методиј во Градскиот парк Охрид/11:00)
Скопје - Прес-конференција Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ). (простории на КСОМ/11:30)
Скопје - ФИЈУК - Саем на независна уметност, на кој ќе биде отворена изложбата на Марко Печеновиќ насловена „Само напред“. (Трн во Дебар Маало/14:00)
Скопје - Петти состанок на Собранието на Алијансата за Албанците и изјава на претседателот на партијата Зијадин Села. (р. Буши/12:00)
Скопје - Промоција на сликовницата за деца „Работилницата на Дедо Мраз и малите помошници“ на Дарија Краличин Павлескa и Кристина Краличин Павлескa, во издание на издавачката куќа Панили. (Книжарница на Матица/12:00)
Скопје - Мултимедијален настан „Под роговите на упорноста“ во организација на Култура Бета. (Кафе-книжарница „Буква“/18:00)
Скопје - Театарска премиера со лица со попреченост како и со типичен развој на Театар Пи. (Центар за култура Ѓорче Петров/19:00)
Скопје - Вечер на новоприбрани архивски материјали во која ќе бидат прикажани дел од филмовите набавени во 2025 година преку откуп на материјал или меѓу-архивска размена. (Кинотека/20:00)
Скопје - Џез под ламба - џез верзии во изведба на Мартина Елиора и нејзиниот бенд во организација на Општина Центар. (Пјацетата кај Италијанската амбасада/19:00)
Скопје - „Aerodrom Pulsira vol.4“ - целодневна програма и предновогодишен концерт. (Пред Cevahir Mall Skopje/12:00)
_________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***