• четврток, 25 декември 2025
МИА Најави - МКД (ДПЛ)

18 декември 2025

 Скопје - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе го посети КПУ-КПД Идризово. (КПУ-КПД Идризово/12:00, пристигнување на медиумите/11:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за здравство. (Сала Борис Трајковски“/10:00)

Скопје - Работна средба на собраниската Комисија за образование, наука и спорт со министерката за образование и наука Весна Јаневска. (Сала 6/10:00)

Скопје - Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Монголија ќе одржи средба со нерезидентната амбасадорка на Монголија, Лагвасурен Сајана. (Сала на Уставна комисија/14:00)

Скопје - Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и главниот извршен директор на ОКТА, Димитриос Пасхос ќе присуствуваат на промоција на фотоволтаична централа поставена на Центарот за обука на МВР- донација на ОКТА. (Центарот за обука на МВР во Идризово/10:00, организиран превоз  кај стар Дрводекор, спроти хотелот „Холидеј Ин“/09:00)

Скопје - Министерот за јавна администрација Горан Минчев и Маја Ханџиска Трендафилова - директор на ReSPA ќе се обратат на настанот „Промоција на унапредената ИТ алатка за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на јавната администрација“. (х.„Хилтон“/11:00)

Скопје - Министерството за односи меѓу заедниците организира настан по повод 21 декември - Денот на настава на турски јазик. (Министерство за односи меѓу заедниците/12:00)

Скопје - Седница Советот на јавните обвинители на која треба да биде определен вршител на функцијата Јавен обвинител на Република Северна Македонија. (11:00) 

Скопје - Промоција и потпишување на ревидираната Политика за интегритет во судството, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).(х.Холидеj ин/11:00)

Скопје - Институтот за јавно здравје ќе ги презентира резултатите од Европскиот проект за истражување во училиштата за алкохол и други дроги – ЕСПАД 2024. (горна сала на Институтот за јавно здравје/14:00)

Скопје - Конститутивна седница на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа  (ЗЕЛС)  (х.,,Александар Палас“/12:00, изјави за медиумите/13:15)

Скопје - Педесет и шеста сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка. (Простории на Народна банка/14:00)

Штип -  Потпишување меморандум за соработка меѓу Универзитетот „Гоце Делчев“ и Фискалниот совет и  предавање на академик Абдулменаф Беџети. (Потпишување на меморандумот во простории на Ректоратот/11:00, предавање во Економски факултет/12:00, предвидени се изјави за медиумите во ректоратот)

Скопје - Конференција на тема ,,Достоинствена работа - вистинскиот пат кон праведно општество”. (Правен факултет „Јустинијан Први“, нова сала на ННС/11:00, изјави за медиумите/10:45)

Скопје - Конференција The Economist MeetUp – The World Ahead 2026 - платформа за дискусија за најважните економски и геополитички теми. (х.„Холидеј ин“/9:30)

Скопје - Тематска консултација за стандардизација на државното финансирање на граѓанското општество во РСМ: Истражување на модели, предизвици, решенија и правна регулатива. (х.„Панорамика“/11:00 и онлајн)

Скопје - Десетта јавна научна трибина посветена на „Состојбите со загадувањето на животната средина во Македонија“ во организација на Македонското еколошко друштво. (Кинотека на Македонија/13:00)

Скопје - Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески ќе го промовира  проектот „Системска селекција на пластичен отпад директно од домаќинствата“. (населба Лисиче, крстосница меѓу улиците „Блажо Орландиќ“ и „Мите Богоевски“/10:00, предвидени се изјави за медиумите)

Скопје - Промоција на книгата „Македонски народен театар 1945-2025 драма, Приказни поголеми од времето“. (МНТ/12:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Интер(но)фејс“ на уметникот Борис Шемов. (Мултимедијалниот центар „Мала станица“/20:00) 

Скопје - Обраќање на претседателот на РФМ Александар Стефанов, и селекторот на Македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров по повод потпишување на новото партнерство на Chery со Ракометната федерација на Македонија. (Салон Chery на Гранд Ауто, Бул, Босна и Херцеговина бр.1/10:00)

________________________________________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан