МИА Најави МКД (ДПЛ)
- 22 декември 2025
22 декември 2025
Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши организира новогодишен прием за новинари, уредници и други медиумски работници кои ја следат и известуваат за работата на законодавниот дом. (12:00)
Скопје - Посета на Ли Јиан, генерален директор за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Кина. (Собрание, Сала на Влада/10:50)
Скопје - Седница собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. (Собрание,Сала 6/12:00)
Скопје - Седници на собраниската Законодавно-правна комисија. (Собрание/Сала 6/12:15/13:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/12:30)
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на седница на Економско-социјалниот совет. (Свечена сала во Владата/11:00)
Скопје - Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски ќе се обратат на редовниот годишен брифинг кој Министерството за одбрана го организира со одбранбените аташеи акредитирани во нашата земја. (Клуб на пратеници/10:00, пристигнување на медиуми 09:40)
Скопје - Министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали во официјална посета на Република Северна Македонија:
- Пристигнување и официјален пречек (пред МНРНТ/10:10)
- Тет-а-тет средба на министрите Елиса Спиропали и Тимчо Муцунски (10:15)
- Билатерална средба меѓу делегациите на двете министерства (10:45)
- Прес-конференција за медиумите (МНРМТ/11:35)
- Посета на Собранието. (Сала на Уставна комисија/13:00)
Скопје - Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ќе одржи новогодишен брифинг за новинари. (МЕРМС нова прес-сала, фоаје/11:00 (без камери), изјава за медиуми/11:45) свечено доделување признанија на најдобрите рудари (8 кат/12:00)
Скопје - Конференција на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на која ќе бидат презентирани резултати и добри практики од имплементирани проекти преку програмите „Еразмус плус“ и „Европски солидарен корпус“ во 2025 година, на која ќе се обратат државниот секретар во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска и в.д. директорката на Националната агенција Ана Михајлов. (х.„Хилтон“/12:00)
Скопје - Показна вежба „Да подариме насмевка” за хоспитализираните деца на Клиниката за детски болести при Клиничкиот центар Мајка Тереза – Скопје на тимот за спасување на планина, како дел од Тимот за одговор при катастрофи на Црвениот Крст на град Скопје. (Клиника за детски болести/12:15)
Скопје - Прес-конференција на претставници на Сојуз на одгледувачи на овци на Република Македонија и Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ). (пред зграда на Владата/11:00)
Скопје - Универзитетот „Мајка Тереза“ Скопје организира свеченост по повод девет годишни од почетокот со работа. (Албански театар во Скопје/13:00)
Скопје - Со дискусија „Новинарството пред пресврт“ почнува 9. Медиумски фестивал Скопје посветен на влезот на вештачката интелигенција во медиумите, во организација на Платформата за истражувачко новинарство и анализи - ПИНА. (Котур/19:00)
Битола - Регионална платформа на млади, средба на градоначалниците со граѓанските организации од пелагонискиот регион (Офицерски дом / изјави за медиуми 11:45)
Скопје - Промоцијата на „Идејна виртуелна реконструкција на Маркови Кули - Водно", проект од национален интерес на културата за 2025 година, поддржан од Министерството за култура и туризам. (Голема сала на Совет на Град Скопје, барака 13/11:00)
Скопје - Општина Аеродром организира јавна дебата со невладини организации со цел утврдување заеднички приоритети за создавање подобри и поинклузивни политики за сите жители на општината. (сала на Советот на Општина Аеродром/11:00)
Скопје - По повод официјалната посета на Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Општина Чаир организира свечена церемонија на положување цвеќе пред споменикот на Ѓерѓ Кастриоти Скендербег. (Плоштад „Скендербег“/17:30)
Скопје - Прес-конференција по повод одбележувањето на 80-годишнината од постоењето на МНТ и најавата на сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето“ – Made in МНТ, во режија на Дејан Пројковски. (фоаје на Македонски народен театар/11:00)
Скопје - Изложба и промоција на книгата „Колекција на монети ковани во Скопје и Кратово (XIV–XVII век) – Патувањето на парите“ под покровителство на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, со поддршка на Меѓународниот Балкански Универзитет. (Чифте Амам/11:00)
Скопје - Студентска изложба „Мало и моќно – Големото влијание на уметноста од мал формат“ на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. (Галерија „Драгутин Аврамовски-Гуте“ во Сули ан/19:00)
___________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***