МИА Најави - МКД (ДПЛ)
- 24 декември 2025
24 декември 2025
Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 75-тата седница. (Сала „Македонија“/12:00)
Скопје - Прес-конференција за медиуми. (Собрание, прес-центар/13:00)
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе се обрати на форумот на повратници во државата. (Свечена сала во Влада/ 11:00)
Скопје - Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, ќе одржи предновогодишен брифинг. (Министерство за јавна администрација, бул.„Св. Кирил и Методиј" бр.54/13:00)
Скопје - Прес-конференција на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески во врска со одлуките на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика. (Народна банка/11:00)
Скопје - Седница на Уставниот суд.
Скопје - Јавен состанок на Агенцијата за пошти. (х.„Холидеј Ин“/11:00)
Скопје - Прес-конференција на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС). (х.„Александар Палас“/11:45)
Дебрца - Акција за садење нативни дрвенести садници на границата со опфатот на Белчишкото блато во рамки на проектот „EcoFire Youth Ambassadors – Интеграција на управување со пожари, наследство и одржливост на Охридското Езеро“ на Здружението за екологија ЕКОМЕНЛОГ – Охрид.
Скопје - Здружението СОС ВИТА - Скопје ќе одржи настан за објавување на повик за средба со директорот на еколошката компанија „Еколог“, Лазим Дестани. (простории на СОС ВИТА/12:00)
Скопје - Промоција на збирката раскази „Не правете го тоа во мојот автомобил“ од Емил Крстески. („Бистро“, Театар „Комедија“/13:00)
Скопје - Книжевна вечер „Разговор за књигите“ на Тихомир Јанчовски преведени на српски јазик и неговиот превод од српски јазик на книгата „Монахот Калист. (простории на Српскиот културно-информативен центар „СПОНА“/19:00)
Скопје - Отворање на изложбата на академскиот скулптор Ангел Коруновски „Лица“. (Мултимедијален центар Мала станица/19:00)
Скопје - Отворање на студенската изложба насловена „Збирка“ од студенти од Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје. (Галерија ФЛУ, објект Педагошка/19:00)
Скопје - Концерт насловен „Transmission“ на Александар Петров и Васил Хаџиманов. (Станица 26/20:00)
___________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***