МИА Најави МКД (ДПЛ)
- 12 јануари 2025
12 јануари 2025
Скопје - Седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. (Сала 6/10:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. ( Сала 4/10:30)
Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/10:45)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала 4/13:00)
Скопје - Одбележување на осумнаесетгодишнината од хеликоптерската несреќа во која загинаа единаесет припадници од составот на воздухопловниот ВИНГ.
- Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски ќе положат цвеќе на спомен-обележјето во Катлановско Блаце. (11:40)
- Припадници на воздухопловниот ВИНГ ќе положат свежо цвеќе на спомен-обележјето пред командата во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец. (10:15)
Скопје - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски ќе оствари средба со раководството на „Македонија 2025“. (простории на „Македонија 2025“ https://maps.app.goo.gl/LVmPzmcJp2qcarmv8 /12:30, пред почетокот на средбата се предвидени изјави за медиумите)
Скопје - Министерот за здравство Азир Алиу и директорката на Институт за јавно здравје, Марија Андоновска ќе одржат прес конференција по повод обезбедување вакцини против Хепатитис Б. (Министерство за здравство/12:00)
Скопје - Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ ќе одржи прес-конференција во врска со нов предлог закон за Регулаторна комисија за енергетика. (Собрание /10:45)
Скопје - Судскиот совет ќе ја одржи 534. седница. (Простории на Судски совет/10:00)
Скопје - Прес-конференција на Демократска унија за интеграција. (Седиште на ДУИ / 12:00)
Скопје - „Диско вечер“ - Концерт по повод празникот „Василица“ (МОБ / 20:00)
_________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***