28 мај 2026
Штип - Претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе ја посети презентацијата на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата. (Градски стадион/12:00)
Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 103-та седница. (Сала „Македонија“/11:00)
Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на Собранието. (Сала 5/14:30)
Скопје - Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Индонезија ќе оствари средба со индонезискиот амбасадор, Листијана Оперананта. (Сала на Влада/11:00)
Скопје - Панел-дискусија – Сесија 2: „Улогата на демократските институции во културниот дијалог: Од претставување до кохезија“. (Сала на Уставна комисија/13:00)
Скопје - Прес-конференција на пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев. (Прес центар на Собранието/10:50)
Скопје - Свечено отворање на Форумот за културна дипломатија Скопје 2026, на тема „Од раскрсници до поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“ на кое ќе се обратат Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Никол Варнес, вршител на должност амбасадор во Амбасадата на САД, Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија 2009–2019, Марк Донфрид, директор на Институтот за културна дипломатија од Берлин, Дуке Бојаџиев, македонски композитор, музички продуцент и пијанист, и Васко Наумовски, поранешен македонски амбасадор во САД. (Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, амфитеатар/10:30)
Скопје - Министерот за здравство, Азир Алиу, ќе одржи прес - конференција. (Простории на Министерство за здравство, горна сала/10:00)
Скопје - Прес-конференција на генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски. (Простории на Фондот за здравствено осигурување на Македонија/11:20)
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе изврши увид во градежните активности за темелна реконструкција на државниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје, нас. Автокоманда. (10:00)
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе учествува на панел дискусија на тема „Редизајнирање на високото образование и универзитетите: вештачката интелигенција и соработката со индустријата како едни од најсериозните предизвици на денешното време“. (Машински факултет/16:00)
Скопје - Здружението „Вина од Македонија“ ќе одржи средба со винарниците, на која ќе присуствува и заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. (М6 Едукативен центар, ул.„Димче Беловски“ бр. 2/10:00, изјави за медиумите пред официјалниот почеток на настанот)
Скопје - Симпозиум на Источно-алпското динарско друштво за проучување на вегетацијата во коорганизација со Истражувачки центар за животна средина и материјали. (МАНУ/8:40, регистрација/8:00)
Скопје - По повод 28 Мај - Меѓународниот ден на менструалната правда, Новинари за човекови права ќе го претстават своето најново истражување за менструалната сиромаштија во Македонија и ќе го промовираат менструалниот пакет за прва менструална помош. (Центар Гнездо ул.„Трета Македонска бригада“ бр. 10 A, бараките до ресторан Бедрум/12:00)
Скопје - Асоцијацијата за еднаквост и социјална правда ќе одржи панел-дискусија на тема „ПР – ПРавда, ПРопаганда или ПРогон“. (х.„Солун“/11:00)
Скопје - Под покровителство на Општина Илинден ќе се одржи Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“. (Дом на култура „Илинден“/20:00)
Скопје - Промоција на книгата „Погребното слово на Перикле“ од Тукидид. (Библиотека на Правниот факултет/11:00)
Скопје - Отворање на изложбата „Дехуманизација: Истражување на кревкоста на човештвото“ на академскиот уметник Милан Андов. (Мала станица/20:00)
Скопје - „Виенска фантазија“ - концерт на оркестарот на Македонската филхармонија на кој како солист ќе настапи виолинистот Шкељзен Доли од Албанија. (Филхармонија/20:00)
Скопје - Концерт на познатиот индонезиски музичар Маншур Ангклунг. („Јавна соба“/ 20.30)
Скопје - Проекција на „Борго" филм на Стефан Демустие, со Хафсија Херзи, Муса Мансали и Луј Меми. (Кинотека/20:00)
Скопје - Премиера на фимот „Горчлив Божиќ“ на Алмодовар. (Синеплекс)
Велес - Во рамки на Плазма Спортски игри за млади ќе се одржи „Денот на спортот“ – настан посветен на спортот. (Гимназија „Кочо Рацин“/10:00)
________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***