МИА на изборите во Бугарија - Борисов: Честитка до првите, изборите одлучуваат кој е прв, но преговорите ќе одлучат кој ќе владее
- Лидерот на ГЕРБ - СДС Бојко Борисов вечерва по завршувањето на гласањето на парламентарните избори упати честитка до првопласираните - „Прогресивна Бугарија“ на Румен Радев без директно да ја спомне и искажа благодарност до граѓаните кои го дадоа гласот за ГЕРБ.
Софија, 19 април 2026 (МИА) - Лидерот на ГЕРБ - СДС Бојко Борисов вечерва по завршувањето на гласањето на парламентарните избори упати честитка до првопласираните - „Прогресивна Бугарија“ на Румен Радев без директно да ја спомне и искажа благодарност до граѓаните кои го дадоа гласот за ГЕРБ.
- Ви благодарам за секој глас за ГЕРБ. Им честитам на првите! Рамнотежата ни е јасна и ја постигнавме со оставката на кабинетот „Жељазков“. Без коалиции и без непринципиелни собранија. Едно е да се добијат изборите, а сосема друго е да се владее. Изборите одлучуваат кој е прв, но преговорите ќе одлучат кој ќе владее. ГЕРБ може да биде и во власта и во опозиција. Во политиката, како и во животот, потребно е трпение, напиша Борисов на неговиот официјален фејсбук профил.
Претходно вечерва повеќе социолошки агенции ги соопштија првичните излезни анкети од денешните предвремени парламентарни избори според кои партијата на Румен Радев, „Прогресивна Бугарија“, е победник на изборите. Радев води со речиси 24 отсто пред второпласираната ГЕРБ-СДС на Борисов. вг/паг/
Фото: Фејсбук на Бојко Борисов