• вторник, 24 март 2026

Мерц и Трамп разговараа за ситуацијата во Украина и на Блискиот Исток

Мерц и Трамп разговараа за ситуацијата во Украина и на Блискиот Исток

Берлин, 22 март 2026 (МИА) -   Германскиот канцелар Фридрих Мерц објави на Х дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп при што фокусот бил на Украина и на ситуацијата на Блискиот Исток.

„Денеска разговарав за ситуацијата во Иран, Израел и Украина со американскиот претседател Доналд Трамп“, напиша Мерц.
„Се согласивме да одржуваме близок контакт во иднина. Нашата размена на мислења ќе продолжи“, додаде германскиот канцелар. зш/

Остани поврзан