Скопје, 27 август 2026 (МИА) - СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.К.(38) од Германија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 23.08.2026 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници при извршен преглед на возилото со кое допатувал пријавениот, во неговиот личен багаж пронашле марихуана.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против И.П.(51) од село Бело Поле, општина Долнени, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“ и „фалсификување на огнено оружје“.
На 24.11.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена ловна пушка „Чешка Зброевка“ калибар 12 мм., за која не поседувал дозвола, а утврдено е и дека биле вршени механички оштетувања на фабричките броеви на пушката.
Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против М.К.(44) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,фалсификување исправа’’.
На 24.07.2026 на Граничен премин Табановце, на влез за државата, при гранична контрола, пријавениот на увид приложил фалсификувана италијанска возачка дозвола.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против И.Р. (26) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
На 27.07.2026 кај место викано „Темелите“ во населбата „Три багреми“ во Прилеп, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал С.М., употребувајќи дрвен предмет и нанесувајќи му тешка телесна повреда.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(25) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
На 23.06.2026 полициски службеници сопреле патничко возило, во кое како совозач била пријавената, при што бил констатиран сообраќаен прекршок, а таа се однесувала агресивно кон полициските службеници додека извршувале службени дејствија.
На 26/27.08.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.И.(29), А.Л.(44) и 16-годишна малолетничка, сите од Скопје, како и Б.Б.(35), затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 27.08.2026 во 02:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа А.А.(23) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на подрачјето на Шуто Оризари, под дејство на алкохол го нарушил јавниот ред и мир, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 27.08.2026 во 02:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа А.М.(26) и Љ.Ф.Д.(27), двајцата од Скопје, поради тоа што околу 01:00 часот во двор од семејна куќа на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно нарушени семејни односи, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 26.08.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.К.(40) и С.Т.(35), двајцата од Скопје.
По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 26.08.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје, С.С. (40) од с.Глумово, скопско, пријави дека фасадата од семејната куќа била оштетена од заталкано зрно од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.08.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје, 37-годишен маж од скопско, пријави дека во семејниот дом во скопско, нему и на неговата сопруга и деца им биле упатувани закани од неговата мајка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Нa 27.08.2026 во 00:05 часот во с. Василево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода О.К.(44) од село Баница, струмичко, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „неизвршување на судска одлука“ по член 377 од Кривичниот законик.
На 26.08.2026 во 23:50 часот во домот на Б.П. во село Василево, струмичко, полициски службеници при преземање на службени дејствија го затекнале О.К., на кого со решение од Основен суд Струмица му била изречена мерка „куќен притвор“, при што било констатирано дека лицето не ја почитува судската одлука, односно го напуштил домот каде требало да ја издржува мерката. Тој е задржан во Полициската станица Струмица и за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
На 27.08.2026 во 00:20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Д.Р.(28) од Струмица, постапувајќи по пријава дека на 26.08.2026 околу 21:00 часот во стан во Струмица физички ја нападнал неговата 16-годишна вонбрачна партнерка.
Лицето е здржано во Полициската станица Струмица и за настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.08.2026 во 15:45 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 42-годишен маж, постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:00 часот на плоштадот во Струмица физички ја нападнал неговата 36-годишна поранешна сопруга.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.08.2026 околу 15:30 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат с.Џепчиште- с.Једоарце, 39- годишниот Е.Џ. од с.Џепчиште, тетовско, управувајќи мопед со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница во Тетово.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.
На 26.08.2026 во 21:10 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го приведоа В.М. (22) од с.Мало Турчане, гостиварско, затоа што при преглед кај него е пронајдена марихуана.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 26.08.2026 во 16:30 часот полициски службеници од ПС БПС Гостивар го лишија од слобода А.С. (35) од Скопје.
При контрола на патниот сообраќај на магистралниот пат А-2 во Гостивар сопрено е патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, при што било утврдено дека А.С. го управувал возилото без претходно положен возачки испит. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 27.08.2026 во 00:05 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.М. (19) од с.Челопек, тетовско, затоа што на излез од с.Челопек кон с.Милетино, при преглед кај него биле пронајдени марихуана и дробилка.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 26.08.2026 во 10:40 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на магистралниот пат А-3 во правец Велес- Штип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(68) од с.Соколарци, кочанско и мотоцикл со словачки национални ознаки, управуван од Ј.Д.(60) од Словачка.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.
На 26.08.2026 околу 14:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „веспа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Н.(33) од Скопје и велосипед управуван од Д.Ч.(71) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 26.08.2026 во 12:35 часот на булеварот „7 Ноември“ во Охрид, од слобода е лишен Б.Х.(32) од Охрид.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат“ со струшки регистарски ознаки, при што констатирале дека Б.Х. го управувал возилото со 1,80 промили алкохол во крвта. По насоки од јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против Б.Х. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“.
На 26.08.2026 во 06:30 часот, полициски службеници од ОВР Струга од слобода го лишија В.К.(41) од Струга, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата партнерка.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.08.2026 во 15:20 часот во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат Подмолје-Ќафасан, во близина на Струга, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.П.(61) од струшкото село Радожда, мотоцикл „кавасаки“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Т.Б.(20) од Струга, паркирани возила „мерцедес“ со албански национални ознаки, сопственост на П.Х.(51) од Поградец и „крафтер“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на З.Џ.(40) од струшкото село Франгово и пешакот Б.Д. (61) од Р.Албанија.
Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, додека кај Б.Д. биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи.
На 26.08.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Блато“ го приведоа албанскиот државјанин Ќ.Р.(41), постапувајќи по претходна пријава дека тој, во селото Новак, општина Центар Жупа, физички го нападнал Б.Ш.(36) од истото село.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.С.(42) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „загрозување на сигурноста“.
Таа, на 12.08.2026 во 01:00 часот, пред објект на СВР Охрид физички нападнала полициска службеничка, која извршувала службени активности од областа на безбедноста и и упатила закани, по што веднаш била лишена од слобода.
На 26.08.2026 во 18:20 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шаран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(26) од Скопје и патничко возило „рекстон“, сопственост на МВР.
При тоа со телесни повреди се здобиле сопатниците од патничкото возило „шаран“ У.Ж.(67), У.Ж.(70), Л.Т.(44), сите од с.Велешта, струшко и Б.А.(22) од Скопје, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.
На 26.08.2026 во 18:55 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Р.Ш.(54) од Арачиново, скопско.
При сообраќајна контрола на улица „8 Септември“ во Велес, било сопрени патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ш. и по извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување. По насоки од јавен обвинител Р.Ш. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.08.2026 во 17:10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.Б.(45) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека и се заканувал на 53-годишната А.Т. од Велес.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.08.2026 во 00:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода З.Н.(48) од Куманово, постапувајќи по пријава дека во семејниот дом во Куманово се обидел физички да ја нападне неговата 48-годишна сопруга, по што физички го нападнал неговиот малолетен син.
По целосно документирање на случајот, против З.Н ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.08.2026 во 22:45 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ц.К.(75) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден околу 21:00 часот во населба „Ајдучка чешма“ во Куманово, по претходна вербална расправија, настанала физичка пресметка помеѓу Ц.К. (75) и Б.П.(76), двајцата од Куманово, при што со тешки телесни повреди се здобил Б.П., констатирани во Општа болница во Куманово.
По целосно документирање на случајот против Ц.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.08.2026 во 16:20 часот на улица „Народна револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.Ѓ.(21) од Куманово.
При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле мопед со кумановски регистарски ознаки, кој Н.Ѓ. го управувал без положен возачки испит. По насоки на јавен обвинител, мопедот бил одземен и по целосно документирање на случајот, против Н.Ѓ. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.08.2026 во 23:25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода В.С.(22) од Крива Паланка, постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден во населба „Баглак“ во Крива Паланка го нарушила јавниот ред и мир, по што се однесувала агресивно и физички нападнала полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот, против неa ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.08.2026 во 10:30 часот во СВР Скопје, А.Г.(54) од Скопје пријави дека околу 00:50 часот на подрачјето на Центар во Скопје, неговиот 17-годишен син и неговиот 17-годишен другар биле физички нападнати од М.Т., Д.Т., С.Р., Н.Ш., Л.У. и А.Ц..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.08.2026 во 18:17 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул. „Александар Македонски" во Прилеп го лишија од слобода К.В.(60) од Битола.
При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле возило „форд" со битолски регистарски ознаки, управувано од К.В., при што било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,17 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 26.08.2026 во 15:00 часот полициски службеници од СВР Битола на ул. „Филип Втори Македонски" во Битола го лишија од слобода И.Ј.(34) од Битола.
При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле мопед со битолски регистарски ознаки, при што било констатирано дека И.Ј. го управувал без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 26.08.2026 во 09:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан на бул.„АСНОМ“ во Скопје е пронајдена почината Д.В.(65) од Скопје.
Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено за обдукција.
На 26.08.2026 околу 21:15 часот во СВР Скопје од Поликлиника Драчево е пријавено дека кај нив е донесено починато шестмесечно бебе од скопско.
Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција. бд/
Фото: МИА архива