• петок, 15 мај 2026

Маџари прв финалист во кошаркарската Суперлига

Маџари прв финалист во кошаркарската Суперлига

Скопје, 13 мај 2026 (МИА) – Екипата на Маџари ќе се бори за титулата во македонското кошаркарско првенство, откако синоќа во драматичен финиш на вториот полуфинален натпревар забележа победа над ТФТ со 71:69.

На натпреварот одигран во полната сала „Наум Наумовски – Борче“ во скопската населба Маџари, најдобри во домашниот тим беа Луис кој реализираше 24 поени, шест скока и три асистенции, и Амстронг со 18 поени, осум скока и три асистенции.

Кај ТФТ, Ташовски застана на бројката од 24 поени (и по четири скока и асистенции), Гордон ја заврши сезоната со 13 поени (и шест скока), а Говенс имаше 11 поени (и седум асистенции)

Против кого ќе игра Маџари во финалето, ќе биде познато вечер кога екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер (почеток 19 часот во СЦ „Јане Сандански“), ќе го одиграат третиот меч од полуфиналната серија во која моменталниот резултат е (1:1). зс/

Фото: КФСМ

Остани поврзан