Мартовска крводарителска акција во Кочани – собрани 46 крвни единици
- Црвен крст на Македонија – Општинска организација Кочани денеска ја реализираше редовната мартовска крводарителска акција.
Кочани, 26 март 2026 (МИА) - Црвен крст на Македонија – Општинска организација Кочани денеска ја реализираше редовната мартовска крводарителска акција.
На акцијата крв даруваа 46 крводарители од кои 10 млади лица.
Акцијата е четврта што ја спроведува Црвен крст Кочани во тековната година и истата се одржа со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Штип.

Граѓаните може да даруваат крв секој последен четврток во месецот во Црвен крст Кочани или секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина во кочанската болница. ис/сст/
фото: Црвен крст Кочани