Маркоски замена за повредениот Карасманакис
- Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров изврши принудна измена со составот на ракометари кои се подготвуваат за настап на претстојното Европско првенство, откако на подготовките во Скопје се повреди кружниот напаѓач Валентин Карасманакис.
Скопје, 25 декември 2025 (МИА) – Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров изврши принудна измена со составот на ракометари кои се подготвуваат за настап на претстојното Европско првенство, откако на подготовките во Скопје се повреди кружниот напаѓач Валентин Карасманакис.
Ракометарот на Алкалоид се здоби со скршеница на прстот на десната рака и ќе ги пропушти натпреварите на Европското првенство.
На местото на повредениот Карасманакис е повикан неговиот клупски колега, искусниот 35-годишен пикер Никола Маркоски.
Македонските ракометари подготовките ги стартуваа на почетокот на оваа недела во Скопје, а утре заминуваат за Хрватска каде в недела ќе одиграат контролен натпревар против домаќинот во Пореч.
Избраниците на Лазаров настапот на Европското првенство ќе го почнат на 16 јануари против домаќинот Данска во Хернинг. ег
ФОТО: РФМ