• сабота, 16 мај 2026

Манасиевски: СДС на власт едно, во опозиција друго

Манасиевски: СДС на власт едно, во опозиција друго

23 април 2026

СДС на власт едно, во опозиција друго! Поранешни премиери и вицепремиери, како и поранешните претседатели на СДС, од типот на Заев, Ковачевски и Шеќеринска, додека беа на власт јасно и гласно беа против Техничката влада, а денес кога се во опозиција се против укинување на т.н. Пржинска влада, пишува во објава на Фејсбук Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пренесува интегрално.

Не нѐ чуди политиката на Филипче, која гласи - Се што ќе каже или направи ВМРО-ДПМНЕ, ние ќе се контрираме. Ваквата политика која ја пишуваат Заев и Башановиќ, на СДС не му носи добро.

За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ го има истиот став и во опозиција и на власт. Техничката влада треба да замине во историјата.

Македонија е демократска држава и ги исполнува сите институционални капацитети за спроведување фер избори!

 
Линк од фб објава:
https://www.facebook.com/share/1JErPtJ4es/?mibextid=wwXIfr

Остани поврзан