• петок, 15 мај 2026

Манасиевски: Заев започна бришење на терминот „македонски’’, за да дојде Филипче и да го запише „северномакедонски’’, тие се горди кога не прозиваат како „северномакедонци’’

Манасиевски: Заев започна бришење на терминот „македонски’’, за да дојде Филипче и да го запише „северномакедонски’’, тие се горди кога не прозиваат како „северномакедонци’’

Скопје, 15 мај, 2026

Заев започна со бришење на терминот „македонски’’ од сите државни институции, а сега неговиот потрчко и чувар на фотелјата во СДС, Венко Филипче е спремен на тоа празно место да напише „северномакедонски’’, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес - конференција, стои во соопштението од Центар за комуникации на партијата, што МИА го пренесува интегрално.

Само СДС и Филипче немаат проблем кога некој не нарекува „северномакедонци’’, затоа за нив тоа е успех и се горди на тоа.

Само Филипче и СДС, и нивниот врховен лидер Заев, немаат проблем да водат антинационална и антидржавна политика, која е во интерес на бугарските власти. За нив, нема ништо лошо во тоа Бугарија да го негира нашето постоење пред 1944 година, нашите револуционери и дејци да бидат Бугари и нашиот македонски јазик да биде произлезен или пак дијалект на бугарскиот јазик.

Само Филипче и СДС повикуваат на уставни измени, кои се првиот чекор од сетот барања кои самата Бугарија, односно нејзините власти, јасно кажаа дека ќе ги имаат.

Филипче и СДС се на иста линија со Бугарија. Ставовите им се исти, барањата им се исти. Уценетиот Филипче молчи и не одговара за што е уценет од група на бугарски политичари? Дали во уцената е вмешан и Зоран Заев?

Филипче треба да се вразуми и да ги штити македонските интереси, а не бугарските интереси. Македонија мора да добие јасни гаранции дека уставните измени ќе бидат последното барање за влез на Македонија во ЕУ. Македонија мора да влезе во ЕУ како достоинствена, горда и исправена држава, а не наведната, усрамена и понижена како што беше со влезот во НАТО алијансата.


Линк од видео материјал: 
https://youtu.be/ArjeKEV7Xtg
https://www.swisstransfer.com/d/99e87327-0a50-4b23-b78b-f634dfbb64f3

Фото: ВМРО-ДПМНЕ
 

 

 

Остани поврзан