Малолетник од Неготино физички ги нападнал мајката и двајцата браќа
- За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот, појаснија од СВР - Велес.
Неготино, 20 февруари 2026 (МИА) - Малолетник од Неготино физички ги нападнал мајката и двајцата браќа, вчера во 15:20 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино, во присуство на претставник од Центар за социјални работи - Неготино и адвокат, извршиле службен разговор со 14-годишник и неговата 33-годишна мајка. За ова денеска информираа од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Постапувајќи по претходна пријава дека во домот, 14-годишникот физички ги нападнал неговата мајка и двајцата браќа. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот, појаснија од СВР - Велес. свд/
Фото: МИА архива