• петок, 15 мај 2026

Макрон апелира на прекин на огнот и отворање на Ормуската Теснина

Макрон апелира на прекин на огнот и отворање на Ормуската Теснина

Париз, 14 април 2026 (МИА) - Претседателот на Франција, Емануел Макрон, изјави дека разговарал со претседателот на Иран и на САД, Доналд Трамп и Масуд Пезешкијан, за прекин на огнот и отворање на Ормуската Теснина.

- Повикав на продолжување на преговорите прекинати во Исламабад за разјаснување на недоразбирањата и за избегнување нови фази на ескалација - објави Макрон на „Икс“.

Тој додаде дека е потребно сите строго да го почитуваат прекинот на огнот, а тоа го вклучува и Либан.

- Еднакво е важно што е можно побргу безусловно, без контроли или патарини, повторно да се отвори Ормуската Теснина - наведе Макрон.

Претходно, Пезешкијан изјави дека во телефонски разговор со Макрон истакна дека Техеран е подготвен да ги продолжи мировните преговори.

Пезешкијан наведе дека Иран ја преферира дипломатијата за решавање на споровите. Според него, заканите, притисокот и воената акција се бескорисни и само „ќе ги влошат проблемите што САД сами ги создадоа“.

Тој додаде дека Европа треба да ги поттикнат САД да се придржуваат до меѓународното право и прописи. ми/ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан