Македонските фудбалерки ги почнаа подготовките за мундијалските квалификации
- Македонската женска фудбалска репрезентација ги почна денеска мини подготовките за претстојниот старт на новиот квалификациски циклус за пласман на Светското првенство.
Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација ги почна денеска мини подготовките за претстојниот старт на новиот квалификациски циклус за пласман на Светското првенство.
На стартот избраничките на селекторот Александар Андов ќе се соочат со Азербејџан и Андора, во рамки на групата во која е и репрезентацијата на Унгарија.
Во првиот настап македонските фудбалерки на трети март во Баку се среќаваат со Азербејџан, а четири денови подоцна во Битола ќе ја пречекаат Андора.
Селекторот Андов за двата воведни дуели од мундијалските квалификации повика 23 фудбалерки.
ГОЛМАНКИ: Ведрана Комненова (ЖФК Љуботен), Викторија Панчуров (ЖФК Тиверија Брера), Берна Кабрачки (Олимпија Болхот).
ОДБРАНА: Мила Панева (ЖФК Скопје), Ане Бошевска (ЖФК Тиверија Брера), Павлинка Николовска (Тиверија Брера), Васка Василева (ЖФК Каменица), Катерина Петкова (Спартак Суботица), Кристина Крстева (ЖФК Скопје), Елена Панеска (Олимпија), Христина Јошевска (ЖФК Скопје).
СРЕДЕН РЕД: Теона Галабовска (ЖФК Тиверија Брера), Бојана Петкова, Хава Мустафа (ЖФК Љуботен), Александра Марковска (ЖФК Љуботен), Симона Мајер (Виљареал), Андреа Коловска (ЖФК Истатов), Ева Величкова (ЖФК Љуботен), Калина Попевски (ЖФК Црвена Звезда).
НАПАД: Јилза Максути (ЖФК Љуботен), Настасја Накова (ЖФК Љуботен), Меланија Гроздановска (ЖФК Љуботен), Јована Павловска (Ас Јунајтед). ег
ФОТО: ФФМ