Македонските ракометарки од денеска на подготовки
- Македонската женска сениорска ракометна репрезентација денеска во Кавадарци ги почнува подготовките во рамки на ЕХФ неделата
Кавадарци, 28.ноември 2025 (МИА) – Македонската женска сениорска ракометна репрезентација денеска во Кавадарци ги почнува подготовките во рамки на ЕХФ неделата. Селекторот Кристијан Грчевски за оваа акција повика 20 ракометарки, а ќе отсуствува само повредената Ива Младеновска.
Ракометарките по мини подготовките во Кавадарци ќе учествуваат на меѓународен пријателски турнир во Анкара, Турција и притоа ќе одиграат три натпревари.
Во периодот од 5 до 7.декември Македонија ќе игра против Словенија, Словачка и домаќинот Турција. мн/
Фото: РФМ