• четврток, 25 декември 2025

Магла на патните правци Дебар – Струга, Куманово – Крива Паланка и Велес – Катланово

Магла на патните правци Дебар – Струга, Куманово – Крива Паланка и Велес – Катланово

Скопје, 22 декември 2025 (МИА) - Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 150 метри има на патните правци Дебар – Струга, Куманово – Крива Паланка и Велес – Катланово, информира ЈП Македонијапат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.са/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан