• среда, 25 март 2026

Приведен кичевец, за да излезе порано од работа лажно пријавил дека има поставена бомба во РЕК „Осломеј“

Приведен кичевец, за да излезе порано од работа лажно пријавил дека има поставена бомба во РЕК „Осломеј“

Скопје, 5 март 2026 (МИА) - Четириесет и четиригодишниот Р.Б. од Кичево е лишен од слобода бидејќи за да излезе порано од работа лажно пријавил дека има поставена бомба во РЕК „Осломеј“. 

-На 5 март во 03:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Осломеј го лишија од слобода Р.Б.(44) од Кичево, вработен во РЕК Осломеј. Тој, во 02:25 часот испратил порака на својот шеф со која го информирал дека, имал сознание дека во еден оддел во РЕК „Осломеј“ има поставена бомба. По преземени мерки и извршени проверки со обезбедувањето, полициски службеници констатирале дека нема поставено бомба и се работи за лажно пријавување, информираат од МВР.

По преземени мерки, Р.Б. е пронајден во викенд куќа во кичевското село Осломеј и е лишен од слобода. Притоа, тој признал дека е лажна пријавата и дека го измислил тоа за да може порано да си замине од работа.

Р.Б. е задржан во Полициската станица Кичево и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/дма/

Фото МВР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан