Линдзи Вон најбрза на спустот во Заухензе
- Американката Линдзи Вон победи на денешниот спуст во Заухензе, Австрија.
Заухензе, 10 јануари 2026 (МИА) – Американката Линдзи Вон победи на денешниот спуст во Заухензе, Австрија.
До својата 84 победа во кариерата вон на скратената патека стигна со време 1.06.24 минута.
Второто место и припадна на Каиса Викхоф Ли (Норвешка) која заостана 0,37 секунди.
Трета трката ја заврши Жаклин Вилс (САД) со 0,48 секунди побавно време од победничката.
На трката потежок пад имаше Магдалена Егер која со хеликоптер беше однесена во болница.
Линдзи Вон е рекордерка во спуст со 45 победи. Таа е водечка во најбрзата дисциплина во Светскиот куп со 340 бода.
Во Генералниот пласман води Микаела Шифрин со 823 бода. зс/
Фото: ЕПА