Либан соопшти дека во конфликтот од понеделникот досега загинале 77 лица
- Бројот на убиени во Либан од повторното избувнување на судирите меѓу Израел и исламистичката група Хезболах во понеделникот се искачи на 77, а 527 лица се ранети, соопшти либанското Министерство за здравство.
Бејрут, 5 март 2026 (МИА) – Бројот на убиени во Либан од повторното избувнување на судирите меѓу Израел и исламистичката група Хезболах во понеделникот се искачи на 77, а 527 лица се ранети, соопшти либанското Министерство за здравство.
Не е јасно колку од жртвите се цивили. Министерството за здравство претходно тврдеше дека се убиени седум деца.
По нападите на САД и Израел врз Иран, Хезболах од понеделникот лансираше ракети и дронови врз Израел за прв пат по повеќе од една година, а Израел возврати со напади врз цели на Хезболах во јужен Либан и јужните предградија на Бејрут.
Повеќе од 83.000 луѓе се раселени во Либан поради обновениот конфликт, а израелската армија проценува дека бројот надминал 300.000, додека ги повикува цивилите да ја евакуираат областа и да се упатат северно од реката Литани. јт/
Фото: ЕПА