• четврток, 16 април 2026

Летонија наредната година за одбрана ќе издвои пет проценти од БДП

Летонија наредната година за одбрана ќе издвои пет проценти од БДП

Рига, 26 март 2026 (МИА) – Летонија од наредната година ќе издвојува најмалку пет проценти од бруто-домашниот производ (БДП) за одбрана, со што ќе го зголеми својот придонес кон НАТО.

Тоа се посочува во соопштението од летонскиот Парламент каде вчера едносгласно беше одобрен законот за зголемување на буџетот за одрбаната на земјата наредната година.

Претседателот Едгарс Ринкевичс, кој го предложи законот, изјави дека предвидливо финансирање на одбраната е неопходно поради актуелната геополитичка состојба и потребата за зајакнување на националните одбранбени капацитети.

Членките на НАТО на самитот во јуни 2025 година се договорија за зголемување на трошоците за одбрана, со цел најмалку 3,5 проценти од БДП за одбрана и дополнителни 1,5 проценти за поврзани трошоци, како инфраструктура. Летонското законодавство не прави разлика во двете ставки.

Како земја што граничи со Русија и нејзиниот сојузник Белорусија, Летонија ја смета војната во Украина за директна закана за својата безбедност. Владата веќе ги зголеми воените трошоци и планира оваа година да издвои 4,91 проценти од БДП за одбрана. аб/ссм

фото/МИА архива

 

Остани поврзан