ЛЕД светилки на повеќе локации во Виница
- Во Виница денеска започна промена на постоечките светилки, со ЛЕД светилки со поголема енергетска ефикасност на повеќе локации во градот.
Виница, 5 март 2026 ( МИА) - Во Виница денеска започна промена на постоечките светилки, со ЛЕД светилки со поголема енергетска ефикасност на повеќе локации во градот.
Замена на светилките ќе се изврши на следниве локации: дел од влезот од градот од Кочани до бензинската на Макпетрол, улица „Браќа Миладинови“, Булевар „Маршал Тито“, дел од улица „Димитар Влахов“, улиците „Никола Карев“ и „Плачковички одреди“, на Автобуската станица, улица „Крушевска Република“, Виничка Река, улица „Димитар Осоговски“, дел од улица „4-та Македонска Бригада“, мостовите кај Александар Парк, Градски пазар и Градскиот плоштад.

Финансиските средства за овој проект во кој се опфатени замена на вкупно 283 светилки се обезбедени од Министерство за транспорт преку заем од Светска банка. ис/вј/
Фото: МИА