Лајен: ЕУ треба да вдахне живот на клаузулата за заемна одбрана
- Заемната одбрана не е задача по избор за ЕУ. Тоа е обврска од нејзиниот договор … Нашата колективна обврска е да застанеме заедно во случај на агресија, или едноставно кажано: еден за сите, сите за еден. И тоа е она што претставува Европа - посочи Лајен
Минхен 14 февруари 2026 (МИА) – Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Минхенската безбедносна конференција изјави дека Европската Унија треба да „вдахне живот“ на клаузулата за заемна одбрана, загарантирана во нејзиниот основачки договор.
- Заемната одбрана не е задача по избор за ЕУ. Тоа е обврска од нејзиниот договор … Нашата колективна обврска е да застанеме заедно во случај на агресија, или едноставно кажано: еден за сите, сите за еден. И тоа е она што претставува Европа - посочи Лајен.
Таа истакна дека Европа, која со децении зависеше од САД за својата одбрана, сега мора да „забрза“ и „да ги преземе своите одговорности“.
- Безбедноста на Европа не секогаш се сметаше за наша примарна одговорност. Но, тоа се промени фундаментално … Треба да развиеме европски столб на стратешки средства: во Вселената, разузнавањето и капацитетите за длабок удар - наведе Лајен.
Таа се осврна и на односите на ЕУ со Велика Британија, потенцирајќи дека се поврзани кога било.
- Во овој исклучително нестабилен период, Европа и Велика Британија мора да се здружат … Десет години по Брегзит, нашата иднина е поповрзана од кога било. Затоа е во наш заеднички интерес да бидеме амбициозни во врска со нашето партнерство - истакна Лајен. ми/
фото: ЕПА