Крихмаер победи на спустот во Куршевел, Големиот и Малиот глобус во рацете на Одермат
- Австриецот Винсент Крихмаер победи на денешната спуст трка од Светскиот куп во Куршевел, додека Швајцарецот Марко Одермат го освои Големиот кристален глобус петта година по ред, како и титулата во спуст, трета едноподруго.
Куршевел, 13 март 2026 (МИА) – Австриецот Винсент Крихмаер победи на денешната спуст трка од Светскиот куп во Куршевел, додека Швајцарецот Марко Одермат го освои Големиот кристален глобус петта година по ред, како и титулата во спуст, трета едноподруго.
Крихмаер беше најбрз со време од 1:47,26 во претпоследната спуст трка во сезоната, прославувајќи ја својата 20 победа во Светскиот куп, а вкупно 10 во спуст.
Второто место го освои Италијанецот Џовани Францони, со заостанување од девет стотинки (1:47,35), додека трет беше Одермат, со заостанување од 31 стотинка (1:47,57).
По денешното трето место, Одермат е прв во пласманот во спуст со недостижни 670 бодови додека олимпискиот победник во оваа дисциплина, Фон Алмен, е втор (435), пред. Францони на третото место (354).
Марко Одермат е водечки и во супервелеслалом и во велеслалом, а во генералниот пласман сега има предност од 632 бодови пред Лукас Пињеиро Братен, кој, на шест трки до крајот на сезоната, повеќе не може да го престигне.ег
ФОТО: Фејсбук