• недела, 11 јануари 2026

Кристал Палас загуби од шестолигашкиот Маклсфилд во ФА Купот

Кристал Палас загуби од шестолигашкиот Маклсфилд во ФА Купот

Маклсфилд, 10 јануари 2026 (МИА) – Кристал Палас попладнево загуби со 2:1 од Маклсфилд во 1/32 финалето на ФА Купот.

Фудбалерот од средниот ред на домашниот тим, Пол Досон, го отвори резултатот во 43. минута. Исак Бакли-Рикетс го удвои водството на Маклсфилд во 60. минута. Јереми Пино го постигна единствениот гол за лондонци кон крајот на натпреварот.

Маклсфилд игра во Северната националната лига – шестата најсилна дивизија во Англија.

На други два денешни натпревари од истиот турнир, Вулверхемптон го победи Шрусбери Таун со 6:1, додека Лестер го совлада Челтнам Таун со 2:0. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан