Кривична пријава против правно лице од Струмица и за управителот за даночно затајување, го оштетил буџетот за над 1,7 милион денари
- СВР Струмица поднесе кривична пријава против правен субјект од Струмица и против Н. Б. (50) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека во четири наврати сториле кривично дело даночно затајување, соопштија денеска од МВР.
Струмица, 8 мај 2026 (МИА) - СВР Струмица поднесе кривична пријава против правен субјект од Струмица и против Н. Б. (50) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека во четири наврати сториле кривично дело „аночно затајување - соопштија денеска од МВР.
Се наведува дека пријавената компанија во својство на даночен обврзник и Н.Б. во периодот на сторување на делото управител со неограничено овластување во внатрешниот и надворешниот трговски промет на правното лице, преку одбегнување на целосно или делумно плаќање на персонален данок на доход по други основи, данок на добивка и данок на додадена вредност, со неевидентирање на промет, неточно утврдување на даночната основа преку помалку искажани приходи, повеќе искажани расходи и непризнаени расходи постапиле спротивно на законски одредби.
- Во 2022 година не пресметале и не уплатиле даноци по основ на ДДВ, ДД и ПДД на вкупен износ од 357.288 денари, во 2023 година не пресметале и не уплатиле даноци по основ на ДДВ, ДД и ПДД на вкупен износ од 355.371 денари, во 2024 година не пресметале и не уплатиле даноци по основ на ДДВ, и ДД на вкупен износ од 760.763 денари и во 2025 година не пресметале и не уплатиле даноци по основ на ДДВ, ДД и ПДД на вкупен износ од 247.080 денари - стои во соопштението на МВР.
Се додава дека со таквите дејства пријавените стекнале вкупна противправна имотна корист, односно предизвикале штета на буџетот на државата за вкупен износ од 1.720.502 денари. рт/са/
Фото: МИА архива