Кратово се подготвува за прослава на патронот на градот - Свети Ѓорѓи Кратовски
- Општина Кратово се подготвува за прославата на патронот на градот, Свети Ѓорѓи Кратовски, што годинава ќе се одржи во недела, 22 февруари 2026 година.
Кратово, 17 февруари 2026 (МИА) - Општина Кратово се подготвува за прославата на патронот на градот, Свети Ѓорѓи Кратовски, што годинава ќе се одржи во недела, 22 февруари 2026 година.
Поради тоа што празникот на Свети Ѓорѓи Кратовски, кој традиционално се одбележува на 24 февруари, паѓа во периодот на Великиот пост, Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, согласно црковниот календар и типикот, со одлука донесена на седница, го премести неговото празнување на 22 февруари 2026 година.
-Причината за ова поместување е тоа што празникот се паѓа во првата седмица од Великиот пост, кога не се дозволени свечености и народни прослави. Одбележувањето на празникот ќе се изврши на наведениот датум со соодветен богослужбен поредок. Верниците се повикуваат да го почитуваат овој распоред и да учествуваат во празнувањето согласно црковната традиција.Програмата започнува во недела , 8 часот, со Света Архијерејска Литургија во црквата „Свети Ѓорѓи Кратовски”, по што ќе следи Литија и Културно-уметничка програма на плоштад Павел Шатев, информираат од Општина Кратово.
По богослужбата ќе следува литија до градскиот плоштад, кадешто свое обраќање ќе имаат градоначалникот, Тодорче Николовски и архиепископот Кумановско-Осоговски г.Григориј, по што следува богата културно-уметничка програма со настап на КУД „Ефрем Каранов", Кратово и познатиот македонски пејач Благоја Грујовски.
Од општината ги повикуваа граѓаните и сите посетители на Кратово со заедничко, масовно присуство, заедно да го одбележат овој важен ден за градот.ид/са/
Фото: плакат